Поврзете се со нас

Свет

Новинар објави дека Дани Алвеш извршил самоубиство, братот на фудбалерот ја демантираше веста

Објавено

на

Бразилски новинар прошири лажна вест дека Дани Алвеш извршил самоубиство во затвор, а веста мораше да ја демантира братот на поранешниот фудбалер на Барселона.

Алвеш е осуден на затворска казна поради силување во ноќен клуб во Барселона, а новинарот Пауло Албукерке утринава објавил дека фудбалската ѕвезда извршила самоубиство.

Очекувано, веста предизвика многу коментари, па се јави Неј, братот на фудбалерот, кој јасно потврди дека се работи за дезинформација.

– Колку можат да бидат сурови луѓето. Тој е веќе осуден поради зборови на жена која влегла во машки тоалет за да прави нешто што само тие двајца го знаат.

– Тој е веќе осуден, зарем тоа не е доволно? – напишал братот на Алвеш на својот Инстаграм профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни