Поврзете се со нас

Шпанија

Новинар кој навива за Реал го нападна Пике, стоперот му порача: Отиде предалеку (ФОТО)

Објавено

на

Добро е познато колку е големо ривалството меѓу Барселона и Реал Мадрид, ривалство за кое дефинитивни придонесуваат и голем број од значајните медиуми во Шпанија кои едноставно се поделени и знаат често да додаваат масло во огнот.

Така по вчерашниот меч меѓу Севилја и Барселона кој заврши без победник 0-0 дојде до конфликт преписка меѓу новинарот Еду Агире кој е познат како навивач на Реал Мадрид, но и голем фан на Кристијано Роналдо.

Човекот кој работи во „Ел Чирингито“ без потреба го прозва стоперот на каталонците и тоа по неговата изjава дека Барса дека тешко ќе ја освои титулата во Примера.

Пике испрати песимистичка порака до фановите на Барса по ремито со Севилја

-Можеш да одиш и дома да плачеш-напиша Агире на што доцна во ноќта, рано наутро одговори Пике.

-Овојпат отиде предалеку, -порача Жерард кој и во минатото имаше проблеми со овој новинар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни