Поврзете се со нас

Англија

Новинар го потсети Тен Хаг дека може да ја повтори најлошата сезона во историјата, Холанѓанецот стана и го напушти пресот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг има се помали шанси да си ја зачува својата работа на „Олд Трафорд“, а Холанѓанецот полека го губи трпението и со новинарите кои создаваат се поголем притисок.

Јунајтед заборави да победува во Премиер лигата и има само еден триумф на последните седум меча, а тоа придонесе тимот да падне на седмото место на табелата, позиција која дефинитивно не одговара на педигрето кое го има англискиот великан.

На шест кола пред крајот, влез во топ четири изгледа како невозможна мисија, но доколку тимот заврши седми, тоа ќе биде израмнување на најлошиот резултат во историјата на Премиер лигата.

Јунајтед заврши седми под водство на Дејвид Мојс и тоа е најлошиот резултат на „ѓаволите“ откако првата Лига е ребрендирана во Премиер лига, а откако новинарот го праша Тен Хаг дали стравува од такво неповолно сценарио, Холанѓанецот реши да го напушти пресот.

– Нема да го коментирам тоа прашање. Тоа не е важно во моментов…., – порача Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни