Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Новинар го пецна Нагелсман за неговиот стајлинг, па доби одговор: Јас сум фудбалски тренер, не сум модел!

Објавено

на

Тимот на РБ Лапциг претрпе тежок пораз на гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

Бундеслигашот загуби со 5-0, резултат кој никој не го очекуваше со оглед на формата на „биковите“, но и фактот дека Јунајтед исто игра доста променливо во стилот топло-ладно. По средбата тренерот на гостите Јулијан Нагелсман беше незадоволен и нервозен, па имаше што да му каже на еден германски новинар поради коментарот за неговиот стајлинг.

Пред дуелот Нагелсман истакна дека подготвива нешто специјално, па новинарот на „Скај Германија“ посочи дека специфичното сако нема да заврши во гардеробата како среќна облека на што предводникот на Лајпциг директно порача:

-Немој многу да зборуваш за мојата облека. Носам тоа што сакам. Јас сум фудбалски тренер, а не модел, -одговори Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни