Поврзете се со нас

Европски првенства

Новицки со прогноза за финалето на ЕП: Ќе биде одличен меч, ако морам…

Објавено

на

Селекциите на Шпанија и Франција ќе го затворат 41. Европско првенство или поточно една од овие две репрезентации ќе биде новиот владетел на стариот континент, наследник на Словенија.

Легендарниот Дирк Новицки нема намера да го пропушти финалето во Берлин, па во пресрет на истот даде своја анализа, коментар за тоа кој е фаворит за златото. Според Германецот улогата на фаворити ја имаат Французите, но во целина очекува супер завршна битка.

-Двата тима заслужено се во финале, тоа се две екипи кои навистина немаат суперѕвезди. Тие се одлични тимови, кои имаат и добри клупи. Финалето може да биде изненадувачки, како што беше и целиот овој турнир. Големите ѕвезди беа елиминирани рано од ЕП. Ако треба да изберам, тогаш би се одлучил за Франција. И двете репрезентации имаат добри дефанзивци, добри шутери, имаат добри кошаркари кои можат да доминираат на овој натпревар, -вели Дирк и додава:

-Франција мора да игра како во полуфиналето – да биде добра во одбраната. Мислам дека Руди Гобер е фантастичен во одбраната. Во нападот имаат многу опции – Томас Ертел игра добро кога влегува од клупата. Еван Фурние е добар шутер и плејмејкер.

-Шпанците добија добар бек во Браун. Бев изненаден колку добро го одигра овој турнир. Тој ја презеде одговорноста против Литванија. Тој е навистина добар кошаркар. Повторувам, двете екипи имаат многу добри кошаркари, мислам дека ќе биде одлично финале, -заклучи иконата на Далас Меверикс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни