Поврзете се со нас

НБА

Новицки открива дека има сериозни последици од последните две сезони во НБА лигата: Не вредеше за ова што ми се случува

Објавено

на

Дирк Новицки целата својата кариера ја посвети на една франшиза во НБА лигата, бидејќи мина незаборавни две децении во редовите на Далас, или поточно 21 година.

Легендарниот германски кошаркар долги години важеше за најдобар европски играч во најсилната кошаркарска лига во светот, но легендарниот Дирг вели дека максималното залагање и форсирањето во завршницата од кариерата направиле да има тешки последици во раните 40-ти години.

Новицки се исповеда во подкастот на Тони Крос и порача дека последните две години во НБА не требал да ги игра, бидејќи поради нив сега не може нормално да игра рекреативно со своите деца.

– Постојано размислувам за тие последни две години во НБА лигата, не се вредни за ова сега што ми се случува. На тимот не му одеше најдобро, а реалнсота е дека јас едвај се движев. Да се пензионирав две години порано, сигурен сум дека сега ќе се движев подобро. Ќе можев од време на време да играм фудбал со моите деца, но сега не го можам ниту тоа, – открива Новицки кој е советник на Далас.

– Сепак, не е се така лошо во пензија. Можам да си го организирам времето, можам да одморам цел месец и да поминам време со сопругата. Потоа, можам да бидам активен неколку седмици во улога на советник на Далас. Сега сум шеф на сам себе, затоа на луѓето од Далас им реков дека ја сакам таа улога. Не сакам обврска со полно работно време, вака ми е многу подобро, – открива Дирк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни