Новицки го потценил Дончиќ: Очекував тешка сезона за него, ама тој е уште подобар од лани

novicki_

Лука Дончиќ игра брилијантно во втората негова сезона во НБА лигата каде во досегашниот тек реализира по 30,6 поени, 9,9 скокови и 9,6 асистенции, а од тоа најмногу корист има Далас Маверикс кој во моментов е на 4 место во западната конференција.

Овие партии на Словенецот се изненадувачки и за легендарниот Дирк Новицки кој лани имаше можност да ја дели соблекувалната со Лука, односно Германецот очекувал далеку потешка втора сезона за некогашниот соиграч.

-Да бидам искрен, мислев дека тој ќе има многу потежок период на транзиција во втората сезона. Така мислев затоа што беше феноменален минатата година со сите трипл-дабл учиноци, мислев дека играчите ќе се фокусираат на него. Ама изгледа тој е уште подобар. Изгледа згрешив, дури и експертите можат да згрешат. Тој изгледа фантастично, -истакна Дирк.

Facebook Коментари