Поврзете се со нас

НБА

Новицки: Еден на еден со Дончиќ? Тоа ќе биде дуел со…

Објавено

на

foto: x.com/NBAspain

Дирк Новицки е еден од најдобрите европски играчи на сите времиња, ас кој остави и голема трага во НБА лигата во која освои и еден шампионски престен со Далас Маверикс.

Германецот во својот врв дефинитивно беше незадржлив, нерешлива енигма на противниците, па гостувајќи во подкастот на Шекил О’Нил беше запрашан за тоа кој би победил во битка еден на еден со Лука Дончиќ кој сега го држи сите конци во клубот од Тексас.

Двајцата имаат можност кратко време и да играат во Маверикс што значи имаа можност одблиску да се запознаат, да ги покажат своите квалитети, но и недостатоци.

-Мислам дека никој нема да одигра одбрана. Кој прв ќе ја има топката? Со сигурност знам дека би имал потешкотии да го чувам. Го има целиот пакет. Како што претходно споменав, може да ме „прошета“ на двете страни, има „степ-бек“.

-Ама кога бев на врвот, сигурно и тој би се мачел да ме чува, па тоа би било дуел со многу кошеви и без многу дефанзивни реакции, -вели Дирк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни