Нови вести од Црна Гора: Борозан немал сообраќајна несреќа, туку паднал преку банкина!

vuko-borozan

Репрезентацијата на Црна Гора се соочува со доста проблеми во пресрет на Европското првенство во Хрватска на кое во првата фаза во групата Ц ќе се соочи со нас, Германија и Словенија.

Селекторот Драган Ѓукиќ вчера дозна дека најверојатно нема да може да смета на голманот Небојша Симиќ кој заработи повреда на листот, а од претходно е познато дека овој шампионат го пропушта Вуко Борозан и тоа откако имаше сообраќајна незгода.

Туку интересна вест поврзана со Борозан ни доаѓа од Црна Гора, а тоа е дека бекот на Вардар немал сообраќајка несреќа, туку паднал преку банкина на патот кога излегувал од автомобилот.

Според „Вијести“ кои го добиле официјалниот записник од дежурната служба во Одделението за безбедност во Цетиње, „бомбардерот“ се здобил со повреди на магистралниот правец Цетиње-Подгорица откако се сопнал изглегувајќи од автомобилот кој го управувала неговата вереница.

Поради ова Вуко е во „аут“, а со тоа се намалени шансите на Црна Гора за пласман во втората фаза.

Facebook Коментари