Поврзете се со нас

Франција

Нови промени во францускиот прволигаш: Лион ќе го „шутне“ и Гросо

Објавено

на

foto:www.facebook.com/olympiquelyonnais/

Поранешниот француски шампион Олимпик Лион има катастрофална сезона и со само седум освоени бода е закован на дното во Лига 1.

Управата на клубот се обидува да ги поправи работите, меѓутоа и промената на тренерот не ги донесе посакуваните резултати. Имено местото на Лоран Блан го зазема Фабио Гросо, ама и Италијанецот во изминативе два месеци не ја разбуди екипата и забележа само една победа против Рен.

Информациите кои доаѓаат од Франција се дека Лион решил да го отпушти Гросо, а привремено решение ќе биде Пјер Саж кој работи во академијата на клубот.

Наредната средба за Лион е против Ленс на 2 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни