Нови проблеми за Роналдињо: Уапсен е во Парагвај поради фалсификување документи (Видео)

ronaldinjo

Поранешниот виртуоз со топката, Роналдињо се соочува со големи проблеми со законот откако стави крај на фудбалската кариера.

Бразилецот бил уапсен заедно со неговиот брат во Парагвај затоа што во себе имале фалсификувани пасош и лична карта.

Двајцата се уапсени во апартманот на хотелот „Јахт енд Голф Клуб“ каде престојувале пред Роналдињо да уечствува на хуманитарен натпревар во Парагвај. Сега и двајцата се наоѓаат во притвор и не смее да го напуштат Парагвај додека ситуацијата не се расветли.

Инаку, Роналдињо е без пасош откако во 2018 година истиот му беше одземен од властите во Бразил затоа што фудбалерот одбивал да плати 2.3 милиони евра казна поради нелегална градба на езерото Гуаиба.

Facebook Коментари