Поврзете се со нас

Англија

Нови проблеми за напаѓачот: Агуеро позитивен на КОВИД-19

Објавено

на

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро објави дека се заразил со коронавирусот.

Агуеро кој сезонава се мачи со повреди одредено време беше во изолација откако имаше контакт со лице позитивно на КОВИД-19 за да сега се појават симптоми од вирусот и кај него.

-По близок контакт, се самоизолирав и последниот тест што го направив беше позитивен на Ковид-19. Имав некои симптоми и ги следам наредбите на лекарот за закрепнување. Чувајте се сите, -напиша Аргентинецот на социјалните
мрежи.

Манчестер Сити е еден од клубовите кој се соочи со најмногу заразени играчи, покрај Агуеро позитивни беа Гарсија, Жезус, Вокер, голманот Карсон и младиот Палмер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни