Поврзете се со нас

Италија

Нови проблеми за Милан: Ернандез е позитивен на КОВИД-19

Објавено

на

Италијанскиот вицешампион Милан се соопштува со проблеми пред нови предизвици во Италија и Европа, па така откако стана јасно дека некое време нема да може да смета на првиот голман Мајк Мењан сега стигна веста дека дефанзивецот Тео Ернандез имал позитивен тест на КОВИД-19.

„Росонерите“ ја информираа јавноста дека Тео бил позитивен по последните испитувања напревени откако играчот се врати од обврските со Франција во Лигата на нации, натпреварување кое „триколорите“ го освоија, а бекот учествуваше со еден гол и една асистенција во дуелите против Белгија и Шпанија.

Ова секако е удар за Милан со оглед на тоа што Тео како и Мањан се многу важни играчи, стандардни првотимци.

Инаку веста за Ернандез дојде само неколку дена откако Адриен Рабио кој исто беше дел од франциската селекција се зарази со коронавирусот. За Рабио е познато дека не е вакциниран, додека пак за Ернандез не се знае дали има примено вакцина против КОВИД-19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни