Поврзете се со нас

Германија

Нови проблеми за антиваксерот Кимих: Баерн Минхен објави дека е позитивен на коронавирусот

Објавено

на

Џошуа Кимих изминативе денови е топ тема во германските медиуми поради неговото јавно одбивање да се вакцинира со вакцината против Ковид-19.

Токму поради фактот што не е вакциниран, Кимих заедно со уште четворица негови соиграчи заработија и парични казни од Баерн Минхен, а клубот одлучил да им крати и на платата доколку пропуштат натпревари поради вирусот.

Одличниот фудбалер сега го снајде нов малер затоа што се потврди дека е позитивен на коронавирусот.

Ваквата вест ја објавија од таборот на Баерн Минхен од каде истакнаа дека Кимих е во изолација и во моментов се чувствува добро.

Џошуа Кимих веќе пропушти неколку натпревари на Баерн Минхен поради контакт со позитивно лице, а сега ќе отсуствува уште извесен период поради тоа што самиот тој ја „закачил“ короната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни