Поврзете се со нас

Италија

Нови позитивни случаи на коронавирус во Интер, откажана прес-конференцијата на Конте

Објавено

на

Екипата на Интер утре ја пречекува Џенова во рамките на 24.коло во Серија А, дуел пред кој „нероаѕурите“ нема да ја одржат задолжителната прес-конференција поради страв од коронавирусот.

Имено веќе е познато дека добар дел од управата на Интер имаше позитивни тестови на КОВИД-19, но во рамките на клуб сега се утврдени уште два нови случаи и тоа Ева Бартонова која е член на женскиот тим и Гаетано Ористано кој настапува за Примавера составот.

Во составот на Интер се многу внимателни поради целата оваа ситуација и според Анса е одлучено да се откаже пресот на тренерот Антонио Конте.

-Откако директорите на клубот беа позитивни, тимот беше ставен во изолација, чекајќи да изврши нови тестови по оние од вчера, кои негативни, -се вели во информацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни