Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нови непосакувани проблеми: ЕХФ го промени судискиот двоец за големото дерби во полуфиналето

Објавено

на

За првпат во историјата еден завршен турнир во Лигата на шампионите ќе се игра пред Нова Година, но во пресрет на големото дерби во полуфиналето, не престануваат да пристигнуваат неповолни вести од Келн.

ПСЖ пријави два позитивни случаи при пристигнувањето од француската престолнина и тренерот Раул Гонзалес нема да може да смета на Лук Штајнс и Хенрик Хансен поради коронавирусот, но покрај проблемите за „светците“, со непосакувани проблеми сега се соочија и одговорните луѓе на ЕХФ.

На неколку часа пред почетокот на мега дуелот меѓу ПСЖ и Барселона на Ф4 турнирот, ЕХФ соопшти дека морало да дојде до промена на судиската двојка.

Предвидено беше одговорни за делење на правдата во „Ланксес арената“ да бидат Швеѓаните Куртагиќ и Ветервик, но сега двајцата принудно се ослободени откако едниот од нив имал позитивен тест на Ковид 19.

Поради тоа, дојде до смена на судиската двојка во полуфиналето, па така на теренот во 18:00 часот ќе ги видиме Хрватите Губица и Милошевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни