Македонија
Нови национални интереси ќе го сменат форматот на ракометното првенство?

Во ракометните кулоари циркулира предлогот за проширување на Супер лигата на 16 екипи, а воедно да има промени и во системот на натпреварување.
Иако на тој начин се дезавуира концептот на „супер“ натпреварување кој беше замислен пред две декади, аргументите се на страната на актуелната ситуација во македонскиот ракомет, каде што се појавија нови имиња на кои им се потребни квалитетни натпревари за да можат да напредуваат.
Прописите сугерираат дека за ваква промена треба најава од една сезона однапред, но Собранието на РФМ како највисок орган може да донесе и одлука овој предлог да биде усвоен и да стартува веќе од следната натпреварувачка сезона 2022/23. Според она што се комуницира, актуелниот предлог е да има 16 екипи, поделени во две групи по осум. Се заговара да нема директно испаѓање, при што двете последно пласирани екипи да играат бараж со оние кои ќе бидат 5 и 6 место во Првата лига, додека првите четири екипи би биле директно промовирани како нови супер-лигаши.
Натпреварувањето во така конструираната супер-лига би требало да се игра во две дивизии, А и Б, за најдобрите четири од двете групи да продолжат во плеј-оф, а они кои ќе бидат од 5 до 8 место ќе играат плеј-аут. Притоа, предложено е да се пренесуваат бодови за најдобрите во втората фаза. Оние во плеј-оф ќе се борат за излез на европска сцена, а тие што ќе играат плеј-аут ќе се борат за опстанок: предложено е првите пет да останат во Супер-лигата за следната сезона, а шестопласираниот да игра бараж со третопласиран од Првата лига. Со ова се предвидува најслабите две екипи да одат во понизок ранг, а две да бидат промовирани.
Делегатите на РФМ ќе мора да заземат курс за иднината бидејќи во блиското минато имаше осцилации на оваа тема: со појавата на Ковид-19 во 2019/20 немаше услови за игра па имаше проширување на лигата, а во 2020/21 нештата беа вратени назад во првобитна состојба. Иако и тогаш се водеше жестока дискусија дека треба да се има чувство за националните интереси наспроти желбите на клубовите да играат во повисок ранг и да калкулираат со ваучери и спонзорства, сега се поставува прашањето што е најдобро за новата генерација на ракометари кои треба да го преземат товарот и во националната селекција.
Она што досега беше рак-рана на претходниот систем е дека малиот број на екипи во Супер-лигата ги принудуваше тие колективи да ангажираат странски играчи, а со тоа за младите македонски таленти немаше место. Желбата да се овозможи калење на нови генерации домашни играчи ќе биде адресирано со вака замисленото проширување, напоредно со намалување на бројот на странски играчи.
Од друга страна, треба да се биде реален и да се согледа со колкави капацитети на спортски објекти располагаме, колку квалитетни тренери имаме за работа со новите млади ракометари, како и колку богати клубови кои можат да си дозволат настап во Супер-лига, каде што на играчите треба да им се обезбеди многу повеќе од само квалитетен тренинг.
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 22 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 14 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 21 час
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 17 часа
Леброн откри меѓу кои тројца играчи би бирал за дуел „два на два“ против Џордан и Пипен (Фото)
-
Шпанијапред 24 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)
-
Англијапред 21 час
Руни отвори сомнежи за историскиот гол на Агуеро: Играч на КПР ја славеше титулата со Сити (Видео)