Нови морбидни детали околу Јелена Докиќ: По поразот во полуфиналето на Вимблдон, татко и ја…

Jelena Dokic1

Јелена Докиќ, австралиската тенисерска со српско потекло која имаше највисок пласман како четвртопласирана тенисерка на ВТА листата, по вчерашното отварање за јавноста во врска со малтретирањето од страна на  нејзиниот татко, таа откри уште една разочарувачка информација  за нејзиниот татко, која дури е надвор од сите нормалности на родителството.

И покрај тоа што на 17 години ја малтретирал, ме мавал со колан, фрлал со се што ќе му дојде при рака, ја кубел за косата, како да не му било доволно, па во полуфиналето на Вимблдон, по поразот од Линдзи Девенпорт, татко и влегол во соблекувалната и почнал да ја навредува, да ја клоца и шутира. И рекол да не се враќа во хотелот, во кое било сместено целото семејство зошто лошо ќе помине. На крај, таа преплашена морала да спие во соблекувалната на Вимблдон, но, благодарение на некој од менаџерите на тенисерите, стапиле во контакт со нејзиниот менаџер кој дошол и ја однесол во хотел.

 

 

Facebook Коментари