Шпанија
Нови лоши вести за лидерот во Примера: Се повреди Луис Суарез!

Атлетико Мадрид има доста променливи натпревари и резултати во изминатиов период, а тоа придонесе да испаднат од Челси од Лигата на шампионите, но и да го загубат убедливото водство во Примера каде Барселона и Реал Мадрид веќе му „дишат во врат“ и се минус еден, односно три бода од составот од „Ванда Метрополитано“.
Овој период е тежок за Атлетико, а како што стојат работите ќе биде уште потежок затоа што во наредниот период ќе бидат без услугите на најдобриот напаѓач, голгетер Луис Суарез. Уругваецот го повредил мускулот на левата нога и одредено време ќе мора да паузира.
Од Атлетико истакаа не дадоа точен временски период за тоа кога напаѓачот ќе може да се врати, односно порачаа дека се ќе зависи од тоа како играчот ќе реагира на третманот. Според „Марка“ пак паузата ќе биде најмалку три недели што ако е точно тогаш Суарез ќе биде во „аут“ за битките против Бетис, Еибар, Уеска и Атлетик Билбао.
Популарниот Ел Пистолеро во актуелнава кампања има дадено 19 голови на 34 натпревари.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 24 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата