Поврзете се со нас

Шпанија

Нови главоболки за Чави: Повредени се уште двајца играчи на Барселона (ФОТО)

Објавено

на

Барселона го загуби вчерашното дерби со Интер (1-0) и на половина од групната фаза се најде во незгодна ситуација, односно го зазема третото место со само три освоени бода кое води во Лигата на Европа што секако не е во плановите на шпанскиот великан.

Покрај лошиот резултат во Милано, тренерот Чави Ернандес добии други лоши вести за двајца играчи на кои нема да може да смета во наредниот период. Првиот е Андреас Кристенсен кој го повреди зглобот по еден дуел со Михтарјан и мораше предвреме да го завши мечот во Милано.

Вториот пак е Франк Кеси кој има проблем со мускулот и ќе биде во „аут“ некое време.

Претходно поради повреди „падна“ Роналд Араухо, Ектор Белерин, Мемфис Депај, Жил Кунде и Френки Де Јонг кој според информациите би требало да биде спремен за реваншот со Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни