Нови два гола на Тричковски за нова победа на АЕК Ларнака (Видео)

tricko

Македонскиот напаѓач, Иван Тричковски продолжи да ги тресе мрежите на Кипар со тоа што денеска двапати погоди против АЕЛ Лимасол на Кире Маркоски.

Нашиот репрезентативец се најде во почетната постава и беше на теренот до 67 минута, период во кој донесе два голови за АЕК Ларнака и тоа со удари од белата точка. Прво беше успешен во 15 минута кога и го отвори резултатот за да во 54 одново биде прецизен и погоди за ново водство и тоа од 2-1.

До крајот погоди Акоран кој го замени токму Тричковски за конечно славје од 3-1. Иван со 17 погодоци е на врвот на листата на стралци во првата лига на Кипар, неговиот тим пак е на 5 место на табелата со 25 бодови.

Facebook Коментари