Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нови бодови за Париз: Георгиевски освои бронзен медал на силниот турнир во Рим

Објавено

на

Дејан Георгиевски продолжува да бележеи фантастични резултати и собира поени за настап на следните Олимписки игри во Париз, откако сега се закити со нов медал на турнирот кој се одржа во Рим.

Најдобриот македонскиот таеквондист го освои бронзениот медал на „Гран при 2022“ во Рим, турнир кој котира највисоко на скалилото на интернационалената таеквондо Федерација по Олимписките игри и Светското првенство.

Олимпиецот кој освои сребро изминатата година на игрите во Токио се закити со бронзениот медал откако во полуфиналната борба во тврда битка загуби од Сисе од Брегот на Слоновата Коска, но најважнот е што Македонецот освои доста бодови за обезбедување директен пласман во Париз.

Пред настапот во полуфиналето, Георгиевески во Италија забележа две победи над домаќинот Бота и Маикон од Бразил, додека во првата рунда беше слободен како еден од главните носители.

Во наредниот период следат нови важни турнири за најдобриот таеквондист, бидејќи Георгиевски ќе настапи на медитеранските игри во Алжир, а потоа и на Гран Прито во Париз 2022.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни