Новата сезона во Формула 1 со промена која ги подели фановите

Grid girls pose for the cameras as the F

Новите сопственици на Формула 1 најавија дека ќе ревидираат дел од одлуките и правилата кои досега важеа во ова популарно натпреварување, а во пресрет на новата сезона е донесено решение кое ја подели јавноста и Ф1 фановите.

„Либерти Медиа“ како раководна структура во Ф1 денеска потврди дека на трките во сезоната во 2018 година нема да има „грид“ девојки, затоа што нивното присуство не се совпаѓа со визијата за иднината на ова натпреварување.

– Иако традицијата да бидат ангажирани „грид“ девојки е поврзана со трките во Ф1 со децении, сметаме дека не се во склоп со вредностите на брендот и дефинитивно се косат со социјалните норми на модерното време, – вели Шон Бречис, директорот за комерцијални операции во Формула 1.

Одлуката е конечна и ќе важи од стартот на сезоната на 25. март, додека реакцијата на фановите донесе жестока дебата.

Facebook Коментари