Поврзете се со нас

СЕХА лига

Новата сезона на СЕХА лигата ќе стартува на 10. октомври: Еурофарм Пелистер доби многу потешка група од Вардар

Објавено

на

Одговорните луѓе на СЕХА лигата денеска донесоа одлука дека новата сезона во регионалното натпреварување ќе стартува на 10-ти октомври, кампања во која наместо 12, ќе гледаме 10 тимови.

Како што е познато, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат двата македонски претставници во СЕХА лигата, со тоа што актуелниот вицешампион на натпреварувањето се најде во далеку полесна група.

СЕХА објасни дека двете групи се направени според географските одредници за да нема долги патувања во ситуација која ќе се игра во пандемија, а повеќе среќа имаше Вардар.

Се уште актуелниот европски првак се најде во група со Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе Нашица, додека битолчани се во група со новиот шампион.

Покрај Веспрем, во групата на Еурофарм Пелистер се и ППД Загреб, Мешков Брест и Металопластика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни