Поврзете се со нас

АБА лига

Новата надеж на МЗТ Скопје: Тинејџерот Иванов ги постигна првите поени во АБА2 лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

МЗТ Скопје попладнево славеше над Златибор со 90-71 во последниот меч од регуларниот дел во АБА2 лигата.

Ова беше дуел во кој „металците“ губеа и со 16 разлика, но потоа го свртеа резултатот и дојдоа до убедлива предност, а тоа го искористи тренерот Дарко Радуловиќ кој одлучи да му даде шанса на тинејџерот Димитар Иванов во последните две минути.

Тој ја искористи можноста и ги даде првите поени во регионалното натпреварување. 17-годишниот Иванов имаше и еден скок, а по средбата неговите соиграчи го поздравија и му честитаа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни