Поврзете се со нас

Мото ГП

Новата Мото ГП сезона тргна со изненадување: Пол-позиција за Мартин, катастрофа за шампионот Квартараро

Објавено

на

Новата Мото ГП сезона тргна со големо изненадување во Катар, бидејќи за поп-позиција се избори возач кој не вози за фабрички тим, а шампионот Фабио Квартараро доживеа катастрофа и сфати дека Јамаха ќе мора да направи чудо за добар резултат на првата трка.

Утре се вози трката за Големата награда на Катар која традиционално го отвора новиот шампионат, па ако се суди според квалификациите, ќе гледаме навистина возбудлива и израмнета битка.

Хорхе Мартин со своето Дукати ја освои пол-позицијата и уште еднаш покажа дека е мајстор за возење на извонреден летечки круг, но останува да видиме дали такви перформанси ќе прикаже и на цела трка.

Енеа Бастијанини го продолжи изненадувачкиот ден и во својот последен обид се избори за второ место на утрешниот старт, потиснувајќи го Марк Маркез кој на крајот беше задоволен од квалификациите и првиот стартен ред.

Шесткратниот шампион во Мото ГП тргна задоволувачки со подновената Хонда која претрпе сериозни промени, поради кои Шпанецот призна дека мора да го промени и стилот на возење за да остане во костец со конкурентите.

Марк утре ќе стартува трети, но за разлика од него, шампионот Фабио Квартараро имаше ужасни квалификации и го освои само 11-то место, што е за едно подобро од својот тимски колега Франко Морбидели. Меѓу првите 10 завршија Милер, Алеиш и Пол Еспаргаро, Биндер, Мир, Бањаја и Ринс.
4

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни