Поврзете се со нас

Репрезентација

„Новата“ Македонија на Милевски тргна со реми против Ерменија

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше во натпреварот од четвртото коло од квалификациите за Светското првенство против селекцијата на Ерменија.

На натпреварот одигран на „Тодор Проески“ арената, кој беше и прв официјален за новиот селектор, Боби Милевски, двете репрезентации ги поделија бодовите играјќи натпревар без голови.

Репрезентацијата на Македонија подобро го започна натпреварот и имаше повеќе шанси од гостите, но како што одминуваше времето нападите беа се појалови.

Во поле бевме доминантни, со 66% посед на топката, но за жал немавме некои посериозни прилики за да ја затресеме мрежата на Ерменците.

Џани Алиоски на два пати со удари од далечина се закани нешто поопасно, меѓутоа тоа не беше доволно за да се постигне погодок и да се однесат бодовите од овој натпревар.

Германија го победи Лихтенштајн со 2:0,  a Романија со истиот резултат славеше на гостувањето кај Исланд.

Во групата Ј, на врвот останува Ерменија, со 10 бода, втора сега е Германија со девет бодови, Македонија падна на третата позиција со седум, додека еден помалку има Романија на четвртата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни