Поврзете се со нас

Италија

Новата ѕвезда во Серија А: Чистењето олуци и бркањето автомобили ми помогнаа во животот!

Објавено

на

Виктор Осимен постигна четири гола на шест одиграни натпревари во Серија А од стартот на сезоната, а како вистински предводник во нападот на тимот кој е актуелен лидер во Италија, соиграчот на Елиф Елмас реши на јавноста уште еднаш да ја сподели својата интересна приказна.

Дваесет и двегодишниот играч од Нигерија немал некоја светла иднина до 2016-та година кога извршувал и тешки работи за да му помогне на семејството, но интересот од Волфзбург комплетно го менува неговиот живот, бидејќи само четири години подоцна, направи трансфер вреден 70 милиони евра.

Осимен ја започна втората сезона во Наполи, а како играч кој веќе легендарниот Ѕола го спореди со Ромелу Лукаку, вели дека напорната физичка работа која ја извршувал во детството му помогната во животот како фудбалер.

– Фудбалот беше сон за мене, а сега е реалност. Сакав да станам играч, но ништо повеќе од тоа. Мои идоли беа Дрогба, Игало, Оби Микел. Го остварив најголемото достигнување во животот со тоа што станав професионален фудбалер.

– Не ми беше лесно, додека растев, чистев олуци во Нигерија, трчав по автомобили со вода во рацете за да ги измијам и да добијам пари. Тоа ми претставуваше задоволство, бидејќи така му помагав на семејството. Сите овие тешки моменти ми помогнаа во животот. Благодарен сум за тоа што го имам денеска, но не заборавам од каде доаѓам и низ што пројдов. Тоа ме направи човек и благодарен сум на Бог за патот кој ми го одредил, – вели Осимен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни