Поврзете се со нас

Шпанија

Новата ѕвезда на Реал има јасен став: Ендрик ги наброја тројцата најкомплетни напаѓачи во светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тинејџерот Ендрик има само 17 години и поради тоа се уште не може да стави потпис на професионален договор со Реал Мадрид, но истиот е веќе договорен и ќе се реализира на стартот на летото во 2024-та година.

Суперталентот на Палмеирас стана шампион на Бразил и ја искористи паузата за да пристигне во Мадрид и да се запознае со новите соиграчи кои ќе ги има следната сезона, а тоа беше добра прилика да одработи интервјуа со најпознатите медиуми од шпанската престолнина.

„Марка“ и „АС“ ги објавија ексклузивните разговори со фантастичниот офанзивен фудбалер кој е најавуван како „бразилскиот Меси“, а бидејќи знае да игра и како истурен напаѓач, доби за задача да ги опише најкомплетните голгетери во светот.

– За мене, Карим Бензема ги поседува сите квалитети за перфектен напаѓач. Иако сега е во Саудиска Арабија, сите знаеме што правеше во Реал со години наназад. Тој извонредно ја читаше играта и беше спектакуларен во секоја смисла на зборот.

– Карим беше најдобар светски напаѓач со години наназад. Покрај него, Хари Кејн и Ерлинг Халанд ги поседуваат сите квалитети за да бидат перфектни напаѓачи, – вели Ендрик во интервјуто за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни