Поврзете се со нас

Англија

Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија

Објавено

на

Рубен Диас на спектакуларен начин се адаптира во Премиер лигата и се покажа како страшно засилување за Пеп Гвардиола во срцето на одбрната на Манчестер Сити, тим кој вчера стигна до 21-та победа во низа во сите натпреварувања.

„Граѓаните“ делуваа незадржливо во овој момент, но ако во претходните години огромни пофалби добиваше нападот на Пеп, овојпат тоа важи за одбраната која делува навистина импресивно со Рубен Диас, Французинот Лаопорт, но и препородениот Стоунс кој игра навистина зачудувачки добро по огромниот пад кој го имаше во изминатите сезони.

Сепак, брзата адаптација на Диас е она што им привлекува посебно внимание на англиските аналитичари, а младиот Португалец кој пристигна од Бенфика открива дека викенд од соништата за него било кога на телевизија ги гледал Рио Фердинанд и Немања Видиќ како страшен одбранбен двоец во Премиер лигата.

– Кога бев помал и кога ја гледав Премиер лигата, уживав да те гледам тебе и Видиќ. За мене беше викенд од соништата да ве гледам вас двајца како пар, а секако и Компани и Џон Тери, листата беше навистина страшна, – порачува Диас во интервјуто со Рио Фердинанд.

– Можеби на некого ќе му звучи чудно, но јас од тој момент почнав да учам за Премиер лигата. Од тоа што го гледав на телевизија, сфатив како функционира оваа лига, каков начин и стил на игра се применува. Натпреварувачкиот дух е она што ја прави Премиер лигата поразлична од сите други. Тука секој нареден натпревар е огромен предизвик, секој тим ве принудува на максимус, има борба за секоја топка, – објаснува 23-годишниот Португалец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни