Новата ѕвезда на Барса: Мојата баба ги продаваше тавите и чиниите за да можам да тренирам

artur-malkom

Фудбалските патишта на добар дел од играчите кои пристигнуваат од Јужна Америка најчесто се доста тешки и имаат трнливо минато, а таков е случајот и со новата ѕвезда на Барселона која во последен момент го избра „Камп Ноу“ пред „Олимпико“ и Рома.

Младиот Бразилец Малком веќе две недели е дел од првот тим на каталонскиот гигант и полека се привикнува на тренинзите и методите на тренерот Ернесто Валверде, а очекувањата од него се навистина огромни со оглед на тоа што располага со страшен потенцијал кој веќе го прикажа како члн на Бордо.

Малком важи за едно од најталентираните крила во светот, но сепак светската слава не направи да заборави од каде доаѓа и кој му помогнал да стане тоа што е денеска.

– Не знам дали луѓето знаат, но мојата баба мораше да ги продава тавите и чиниите за ја да имам пари да одам на тренинзи. Најголем дел од децата имаа пари за тренинзи, а мојата баба мораше да се откаже од своите најосновни работи за да ми го овозможи тоа што најмногу го сакам. Таа е како мојата втора мајка, моето семејство секогаш е на прво место. Направија толку многу отстапки за мене. Тоа што јас им го давам денеска, не е ни третина од тоа што тие жртвуваа за мене, – објаснува срдечниот Малком.

Facebook Коментари