Поврзете се со нас

Свет

Новата „десетка“ на Шпанија доби шанса да дебитира и воодушеви со првиот допир со топката (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Брајан Сарагоса го сврте вниманието кон себе благодарение на фантастичните партии кои ги нуди во дресот на Гранада, но особено добар беше изминатиот викенд кога беше незадржлив за одбраната на Барселона.

Младиот крилен фудбалер ги излуде дефанзивците на Чави Ернандес и ги постигна двата гола во ремито од 2:2, по што експресно доби повик за шпанската репрезентација и беше дополнително повикан за овој квалификациски циклус.

Брајан вчера првпат го облече дресот на Шпанија и доби шанса на стартот на вториот дел, а веќе при првиот допир со топката само покажа за каков дриблер станува збор.

Брзината и снаодливите потези се најголемиот квалитет на Сарагоса, кој откако дебитираше со победа од 2:0 призна дека не можел да спие изминатите неколку дена.

– Ова што ми се случи изминативе неколку дена не е нормално. Кога пристигнав во репрезентацијата, побарав да ми дадат нешто за спиење, бидејќи ова за мене не е нормално. Се надевам дека сум добар пример за децата, треба да си ги следат соништата, – изјави Брајан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни