Свет
Новата бразилска надеж на Реал режираше акција од која застанува здивот (Видео)

Флорентино Перез се навикна да ги „лови“ најголемите фудбалски таленти кои пристигнуваат од Бразил, па по рецептот на Винисиус Жуниор и Родриго Гоеш, пред извесно време договори уште една голема надеж од оваа земја.
Суперталентираниот Ендрик веќе потпиша за Реал Мадрид и ќе биде дел од првиот тим од јуни 2024-та година, но пред да дојде до тоа, тој продолжува да се калеми во својот Палмеираш.
Како идна млада ѕвезда на „кралскиот клуб“, јавноста посебно ги следи натпреварите кои ги има Ендрик, кој рано утрово имал еден потег за истакнување во дербито против Сантош.
Со својата брзина и лесно движење, Ендрик навистина потсетува на Диего Марадона и Лионел Меси, па во акција карактеристична за легендарните Аргентинци, младиот Бразилец немал доволно среќа.
Ендрик фасцинантно се ослободил од своите чувари и изградил позиција за шут, а гредата спречила да видиме вистинско ремек-дело.
Endrick 😳
— MadridistaTV (@madridistatvYT) October 8, 2023
-
Светпред 12 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 14 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)