Поврзете се со нас

Италија

Новата „10-ка“ на Милан направи луда фризура по трансферот: Ветено-сторено (Фото)

Објавено

на

Милан стави крај на една лоша серија изминатава сезона и благодарение на одличните изданија си обезбеди место во Лигата на шампионите, натпреварување кое му доликува на еден голем фудбалски великан кој седум пати има славено во Европа.

„Росонерите“ како второпласирани ја завршија сезоната и ќе бидат дел од главната ждрепка за групната фаза во најелитното натпреварување, успех кој ќе им овозможи на добар дел од младите играчи на Милан за првпат да играат на најважниот клупски турнир кој го организира УЕФА.

Тео Ернандес беше првиот кој го прослави големиот успех со фарбање на косата во клупските бои, а сега истото го повтори и старо-новото летно засилување.

Брахим Диаз пред два дена беше претставен како нова „10-ка“ на Милан, откако доби дозвола од Реал Мадрид одново да се врати на позајмица на „Сан Сиро“ каде настапуваше и минатата сезона.

– Ветувањето е исполнето…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни