Поврзете се со нас

АТП

Новак по триумфот: Не можев да посакам подобар старт

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ успешно го започна својот поход кон осмата титула на Вимблдон победувајќи го Вито Коприва со 3:0.

Српскиот тенисер задоцни на прес-конференцијата, но беше презадоволен од неговиот приказ во првото коло:

„Тренинзите беа одлични, натпреварот во Централ… Не знаев како ќе се снајдам, но многу сум среќен како играв, како се движев, не можев да посакам подобро старт“, заклучи Новак.

Следен противник е Џејкоб Феарнли, но Новак ќе мора да погледне неколку клипови за да знае што го чека во вториот круг:

„Не го гледав. Морам да ја напишам домашната работа. Не го гледав. Ја доби вајлд-картата, но ќе анализирам денес и ќе видам со кого си имам работа. Тој е Британец, не ми се допаѓа да играм против Британците на Вимблдон (се смее), но важно ми е да останам во ритам, да останам во него и тоа ми е примарен приоритет“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни