Поврзете се со нас

АТП

Новак и повреден ќе игра на Австралија Опен: Немам премногу избор

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ забележа победа против Енцо Куако и така се пласираше во третата рунда на Австралија Опен каде ќе се соочи со бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Српскиот тенисер се мачи со повреда на задната ложа и натпреварот против Куако го одигра под дејство на лекови, а по средбата истакна дека сака да продолжи да игра на турнирот и ќе го прави тоа затоа што нема друг избор.

– Немам премногу избор, или ќе продолжам или не. Сакам да продолжам понатака и секогаш ќе ја користам шансата да пробам да се натпреварувам, кога веќе сум тука. Добра работа е што имаме еден ден одмор меѓу натпреварите, што ми дава време да се доведам во подобра состојба од претходно, -изјави Ѓоковиќ кој и пред две години се мачеше со повреда на Австралија Опен, но на крајот стигна до посакуваниот трофеј.

– Пред две години имав проблем со друг дел од телото, имав скинат мускул, но на крајот успеав да го освојам турнирот. Се надевам дека слично нешто ќе се случи и сега. Натпреварот го одиграв под дејство на лекови, ќе видиме како ќе се однесува телото кога лековите ќе попуштат. Утре нема да тренирам, се надевам ќе имам доволно добро чувство за натпреварување, -изјави Новак Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни