Поврзете се со нас

АТП

Новак и Јелена добија добри вести при второто тестирање за коронавирус

Објавено

на

Осум дена по напрвениот прв тест на кој беше позитивен заедно со неговата сопруга Јелена, Новак Ѓоковиќ денеска направи нов тест на коронавирус и истиот е негативен.

Светскиот рекет број еден се зарази на турнирот во Задар и позитивна на КОВИД 19 беше и неговата сопруга Јелена, но денеска и двајцата добија добри вести и се негативнит на вториот тест кој им е направен.

Брачната двојка минатите 10 дена ги мина во самоизолација без да почувствува никакви симптоми од вирусот, но ќе треба да добијат и втор негативен тест за да можат да продолжат со нормалното функционирање.

– Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на КОВИД 19. Тоа го покажаа резултатите од нивните ПЦР тестови кои двајцата ги направија во Белград. Новак и Јелена не чувствуваа никакви симптоми на вирусот, а тестот го направија по претходен договор со лекарите.

– Во претходните 10 дена, по враќањето од Задар, двајцата беа во самоизолација и ги следеа сите протоколи за безбедност во врска со КОВИД 19, – гласи соопштението испратено од тимот на Новак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни