Поврзете се со нас

Германија

Нова успешна акција: Дортмунд го обезбеди потписот на вториот најдобар стрелец во Бундеслигата

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Европскиот вицешампион Борусија Дортмунд дефинитивно ќе ја освежи екипата во овој летен преоден рок, а како што стојат работите две засилувања ќе дојдат од Штутгарт, екипата која беше најпријатно изненадување во Бундеслигата во натпреварувачката 2023/2024.

„Милионерите“ веќе ја завршија работата околу ангажманот на дефанзивецот Валдемар Антон, а сега како што информира Фабрицио Романо се е подготвено за потврда на трансферот и на Серу Гираси.

Дортмунд ќе ја активира клаузулата од 17,5 милиони евра и африканецот ќе се пресели на „Сигнал Идуна Парк“.

Гираси имаше брилијантна сезона со 28 постигнати голови со што беше втор стрелец во германскиот шампионат зад Хари Кејн од Баерн Минхен.

Интерес за него имаше и од други тимови, но Дортмунд бил најконкретен, најупорен и го обезбедил потписот на напаѓачот од Гвинеја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни