Поврзете се со нас

НБА

Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)

Објавено

на

Дебито на Лука Дончиќ во жолтиот дрес на Лос Анџелес е топ тема во американската спортска јавност, па како што можеше да се очекува, секој чекор на Словенецот беше посебно следен од сите медиуми.

Лејкерси победија во пресметката со Јута и го разубавеа премиерниот меч на најновото зимско засилување, кое од денеска го почна своето ново партнерство со ЛеБрон Џејмс.

„Кралот“ се покажа како голем џентлмен и при говорот му даде огромна поддршка на новајлијата, кој потоа во текот на мечот го почести со фантастична асистенција.

Навивачите на Лејкерси полека почнуваат да се навикнуваат на акциите кои ќе ги гледаат во иднина, а убиствената контра е најдобар приказ за тоа каков напаѓачки потенцијал ќе имаат „езерџиите“.

Лука го проигра ЛеБрон преку речиси цел терен и го стави во идеална позиција за да поентира, нешто што на крајот и го направи 40-годишниот ветеран.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни