Поврзете се со нас

Македонија

Нова тренерска смена во ПМФЛ: Костов и Тиквеш се разделија!

Објавено

на

Искусниот македонски стратег, Влатко Костов повеќе нема да го води составот на ГФК Тиквеш 1930.

Штипјанецот не беше задоволен и си поднесе оставка по поразот од Силекс во Кратово од 3-2, па неколку дена беше неизвесно дали истата ќе биде прифатена и ќе се дојде до разделба што на крајот се случи што значи дека клубот од Кавадарци сега е во потрага по нов тренер.

Управата му се заблагодари на Костов и му посака среќа,успех во во понатамошната работа, а воедно соопшти дека до назначување на нов шеф на стручниот штаб тимот ќе биде предводен од досегашните асистенти Мојсов Орешков и Митрев.

Тиквеш се наоѓа на 8 место на табелата со 4 освоени бода.

Во ПМФЛ беа сменети неколку тренери во изминативе денови, се започна со Седлоски во Шкупи по што следеа разделбите на Академија Пандев и Шкендија со Сточјев и Шаќири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни