Поврзете се со нас

Македонија

Нова тренерска смена: Брера ја заврши соработката со Круљ

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/fkakademijapandev

Последното коло во Првата македонска фудбалска лига донесе нови тренерски смени, а по оставката на Горан Петрески во Вардар, денеска важна вест соопшти и раководството на Брера.

Струмичкиот тим реши да ја заврши соработката со српскиот тренер Бојан Круљ, очекуван исход откако Брера не успеа да ги исполни очекувањата во почетните рунди од шампионатот.

Брера вечерва со соопштение ја потврди одлуката и најави дека наскоро ќе биде соопштено името на наследникот на Круљ.

– Управата на Брера Струмица спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Круљ од Србија. Одлуката од двете страни е донесена откако првиот тим не ги даде очекуваните резултати на стартот од првенството и истите не се вклопуваат во амбициите и стратегијата на клубот за ова сезона. Двете страни во интерес на клубот одлучија по поразот од Струга Тим Љум, трет последователен, да ја раскинат соработката. Ова значи дека стручниот штаб предводен од Бојан Круљ заедно со Душан Дошљак и Милош Поповиќ нема да го предводат првиот тим на Брера во продолжението на првенството.

– Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период. Одлуката е заедничка, во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона,, соопшти генералнниот директор на клубот Ване Стојанов.

Брера ја започна сезоната со победа над Вардар, но оттогаш забележа три порази во серија, што беше сигнал за активирање на алармот кај раководството на клубот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни