Формула 1
Нова стратегија за болидот на Ред Бул во 2021 година
Ред Бул го претстави болидот за новата сезона од Формула 1 кој ќе го носи името RB16B.
Иако се повеќе се напушта традицијата за помпезни медиумски промоции и објава само на фотографии, сепак некои теми не може да се заобиколат, а особено „боде очи“ тоа што самиот тим најави дека ова е доработена верзија на ланскиот болид RB16.
Ова беше повод повеќе медиуми да лансираат теорија дека Ред Бул извлекол поука од досегашниот расплет на настаните кога нивните нови болиди не функционираат најдобро на почетокот на сезоната, а сосема обратно – се меѓу најдобрите на крајот од сезоната.
Тоа се надополнува и со фактот дека на последната трка од 2020 година Макс Ферстапен оствари убедлива победа во Абу Даби, додека Мерцедес поради стравување дека изминатиот животен вел на моторите кои ги користеле би можел да ги остави без пласман, целиот викенд го возеа со користење на ограничени капацитети од него.
– Нашите проблеми не беа исклучиво околу аеродинамиката,- изјави Кристијан Хорнер, асоцирајќи дека имало и проблеми на механички план. – Тие нешта секогаш се случуваат во тандем. Сметам дека имавме добар напредок со болидот во 2020 година и ќе видиме дали RB16B ќе има проблеми со промената на правилата, а тоа е нешто што е исто за сите. Се надеваме дека со добрите лекции кои ги добивме и ги научивме во минатата година, ќе успееме да се справиме со новите правила, според кои го надградивме болидот.
Тимскиот шеф на Ред Бул изнесе процена дека околу 60% од болидот е преземен од ланскиот, но не ги именуваше поединчено областите на болидот кои претрпеле најголема ревизија, но за тоа се погрижи Макс Ферстапен.
– Се разбира дека има разлики! Голема промена е подот на болидот, бидејќи е отсечен голем дел од поранешниот дел. Сигурен сум дека болидот поинаку ќе се однесува. Но, не станува збор за штелување, туку за стекнување комфор и разбирање на болидот. А потоа, целата работа ќе треба да биде завршена во Бахреин.
Надоврзувајќи се на ова, новиот возач на Ред Бул, Серхио Перез смета дека нема да има потреба од многу време за да се навикне на променетиот болид.
– Потребно е да помине многу време за да се чувствуваш 100% комфорен, па очекувам дека ќе правам некакви промени во првите пет трки за да го постигнам тоа. Но, веќе имаме голем напредок на тоа поле, веќе го сменив и седиштето и приспособивме сигурносните појаси. За мене тоа е приоритет, па кога ќе стигнеме во Бахреин сакам да бидеме подготвени да удриме некоја клоца,- најави Мексиканецот.
Од страна на тимот не беа лиферувани фотографии од задниот дел на болидот, а не беше споделена ни информација дали и за кога се планира воведување нов болид со името RB17.
По прашање на спонзорствата, очекувано недостига Астон Мартин кој започнува со сопствен Ф1 тим, а исто така ги нема „АТ&T“ и „My World“, додека на нивно место се компаниите кои го поддржуваат Перез, „Telcel“ и „Claro“.
-
Англија19 часа
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
-
Евролига22 часа
Белград ќе чека нова шанса, Ф4 турнирот во Евролигата првпат ќе биде организиран надвор од Европа
-
Светски првенства22 часа
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство
-
АТП20 часа
Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин
-
Шпанија20 часа
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
-
Германија19 часа
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска: Челси ќе доминира во Англија наредната деценија
-
Шпанија18 часа
Флик по триумфот на Барселона: Фала богу што дојде декември