Англија
Нова сериозна повреда: Премиерлигашки фудбалер ќе отсуствува до крајот на сезоната
Фудбалерите се под зголемен ризик од сериозни повреди поради се поголемиот број натпревари кои ги играат, а сезонава веќе неколку членови на екипите од најсилните лиги завршија со повреди поради кои нема да се вратат до крајот на сезоната.
Во моментите кога Манчестер Сити треба да потврди колку долго ќе трае паузата на Родри, од таборот на Вулверхемптон стигна информација дека важен играч дефинитивно нема да настапува повторно оваа сезона.
Се работи за колумбискиот репрезентативец Јерсон Москера кој заработи повреда во финишот на средбата со Астон Вила и беше изнесен на носилка од теренот.
Москера ги скинал лигаментите на коленото и наскоро ќе биде опериран, по што следува долг процес на рехабилитација и ќе мора да размислува за следната сезона и предизвиците во неа.
Колумбиецот беше стартер на сите пет досегашни натпревари на „волците“, па јасно е дека неговото отсуство ќе биде голем удар за екипата која и онака има лош старт во Премиер лигата.
-
Италијапред 18 часа
Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!
-
Англијапред 19 часа
Ридигер: Само двајца стопери можат да го чуваат Халанд во Премиер лигата
-
Италијапред 20 часа
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
-
Италијапред 18 часа
Погба со едноставна објава означи победа во „допинг војната“ (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Пацерски автогол за фудбалските анали: Голманот на Лидс направи невидена глупост во 97. минута (Видео)
-
Италијапред 6 часа
Конте изненаден од својот Наполи: Да ми кажуваше некој пред три месеци…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти детектирал два проблеми со своите играчи од Реал: Свесни сме што треба да направиме
-
Францијапред 21 час
Евра: 99 проценти е сигурно дека Погба нема да го облече дресот на Јуве, јас веќе му се јавив на Бенатија