Нова радост за Младеновски и Илирија во Словенија

bube klupa

Кошаркарите на Илирија во 15. коло дојдоа до 8 победа во најквалитетниот словенечки шампионат и тоа на домашен терент против тимот на Ползела.

Составот предводен од Саша Дончиќ го најави триумфот уште во првиот период кој го доби со 22-14, односно на паузата се замина со позитива за домиќините од плус пет (38-33). Третата четвртина беше доминатна за Илирија (25-17) и по истата отиде на плус 13 (63-50), позитива која се покажа како доволна за конечно славје од 78-69.

Тончиниќ и Вончина со по 18 поени беа најефикасни кај победниците за кои нашиот репрезентативец Љубомир Младеновски одигра 10 минути со учинок од 4 поени и 5 скокови.

Facebook Коментари