Поврзете се со нас

Свет

Нова предност за фаворитот во финалето: Монако го прегази Париз на Шортс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/ASMonaco_Basket

Екипата на Монако одново води во финалната плејоф серија против Париз во Франција.

Избраниците на Обрадовиќ оваа вечер го прегазија Париз на негов терен со 88:59, односно со ова го вратија брејкот и сега имаат предност од 2-1 во пресметката за титулата.

Гоститите беа доминатни уште од првата четвртина која ја реализираа со 28:14, па водени од таа енергија го одиграа и преостанатиот дел од средбата.

Окобо со 20 поени, 7 скока и 5 асистенции беше најдобар кај победникот, додека Хифи со 15 кошеви беше најефикасен кај поразените.

Македонскиот репрезентативец Шортс имаше меч под своите стандарди со 9 поени, 1 скок и 3 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни