Поврзете се со нас

Шпанија

Нова повреда во Реал, Анчелоти нема да смета на еден фудбалер околу еден месец

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид мораше да игра продолжение за да ја победи Селта во шпанскиот Куп, но на крајот избори пласман во следната рунда, нешто што доаѓа пропратено со една лоша вест за тренерот Карло Анчелоти.

„Марка“ утринава потврди дека повреда на овој дуел заработил Едуардо Камавинга и поради истата тој оди на принудна пауза.

Се работи за мускулна повреда која бара соодветна рехабилитација и мирување, па францускиот фудбалер ќе биде аут три-четири недели.

За Анчелоти ова значи еден фудбалер помалку и тоа тип на играч кој може да покрива повеќе позиции, а на Камавинга нема да смета на неколку натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Камавинга ќе ги пропушти дуелите со Лас Палмас, Валјадолид и Алавес во домашното првенство, па и тие со РБ Салцбург и Брест во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни