Поврзете се со нас

Македонија

Нова порака од навивачката група: „Комити“ со шест зборови го искажаа сиот свој бес (Фото)

Објавено

на

Вардар се посрамоти на домашен терен и претрпе трет пораз во четвртото коло во Првата македонска фудаблска лига, па така фудбалерите и навивачите заминуваат во крајно лошо расположение на репрезентативна пауза.

„Комитите“ го искажаа своето незадоволство уште за време на мечот и со јасни скандирања и свирежи ги опоменаа играчите на Вардар, но и управата на клубот од која очигледно се крајно незадоволни.

Воска Спорт ја продолжи својата добра серија на резултати против Вардар и денеска славеше со убедливи 1:3 во Скопје, што само е дополнителна причина за голема нервоза во „црвено-црното“ семејство.

„Комити“ пред една недела испратија закана до новата управата и порачаа дека добиле последна опомена по поразот од Шкупи, а вечерва навивачката група на свој начин и со шест зборови го искажа сиот свој бес.

– Не сте свесни колку сме бесни, – порачаа „Комитите“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни