Нова победа за Вецлар и Миркуловски, Пешевски им даде два гола на „лисиците“ од Берлин

zare

Филип Миркуловски и Жарко Пешевски имаа свои настапи на денешните мечеви во Бундеслгата со таа разлика што Жути и Вецлар се радуваа на победа, додека пикерот со Штутгарт загуби од Фуксе Берлин.

Искусниот македонски бек даде два гола од три обиди до славјето над Нордхорн-Линген од 34-27. Вецлар си ја заврши работата уште во првото полувреме кое го доби со убедливи 18-10, па продолжението беше чиста рутина за потврда на двата бода.

Пешевски имаше учинок 2/3 против Фуксе Берлин кој го преслуша Штутгарт со 36-27. Вецлар со 5 бода од 5 средби е на 8 место на табелата, а пак Штутгарт со само еден освоен бод е на 16 позиција.

Facebook Коментари