Поврзете се со нас

Македонија

Нова победа за Пелистер, Охрид ја надигра Струга во езерското дерби

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа втората победа во плејофот во Суперлигата, прва на гостински терен и тоа против составот на Бутел кого го совладаа со 28:24.

Домашниот тим се бореше и обидуваше да се носи со актуелниот првак, меѓутоа тоа не беше доволно за да се изненади составот од Битола кој го имаше последниот збор во двете полувремиња и со посакуваниот резултат го напушти Скопје.

Кузмановски со десет погодоци беше прв стрелец кај Пелистер, додека кај Бутел е со осум погодоци се истакна Николов.

Во езерското дерби, Охрид и одржа лекција на Струга со 31-24. Домашните ракометари беа на повисоко ниво и заслужено дојдоа до триумфот во кој Цирар и Орјоникидзе беа први стрелц со шест гола.

На другата страна залудна беше партијата на Бошњак со 13 реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни