Поврзете се со нас

НБА

Нова победа на Лејкерси, „езерџиите“ на чекор од финалето во Западната конференција

Објавено

на

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се наоѓаат пред пласман во финалето на Западната конференција откако доцна синоќа славеа победа против Хјустон со 110:100.

Лејкерси до предноста од 3:1 стигнаа со сигурна игра во натпревар во кој во ниту еден момент не беше доведено во прашање името на победникот на оваа средба.

Веќе во втората четвртина „езерџиите“ имаа висока предност од 16 поени, а истата ја одржуваа и во третата четвртина.

Хјустон успеа да намали единствено во последната четвртина, но „ракетите“ немаа сила да направат пресврт.

Најефикасен во редовите на Лејкерс беше Ентони Дејвис кој запиша 29 поени, додека Леброн беше блиску до трипл-дабл учинок затоа што мечот го заврши со 16 поени, 15 скокови и девет асистенции.

Во Хјустон најпрецизен беше Расел Вестбрук со 25 поени, додека Харден запиша 21 поени и десет асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни